Иванов во Рим на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Од:

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска во Рим, ја посети базиликата „Свети Климент”, каде што положи венец на гробот на Св. Кирил.

Македонскиот претседател ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што во 2015 година на негова иницијата во знак на благодарност од името на целиот македонски народ, беше поставена спомен плоча на македонски јазик во чест на словенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј. Иванов ја посети и базиликата „Сан Паоло”, каде што положи цвеќе на гробот на апостолот Св. Павле.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, вечерва во театарот Гионе во Рим, шефот на државата ќе присуствува на концерт на македонската етно група „Баклава”, на кој ќе биде претставена македонската изворна музичка традиција.

Утре, претседателот Иванов ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Ана Ололовска

Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск

Ана Ололовска

Започна дводневното одбележување на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, 24 Мај