Иванов во работна посета на Египет

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска до понеделник ќе престојува во работна посета на Арапската Република Египет, каде што ќе учествува на Форум на високо ниво во организација на Александриската библиотека и на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Каиро, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Според најавата, Иванов ќе се обрати на воведната сесија на форумот насловена „Демократска безбедност во време на екстремизам и насилство“.

На форумот учествуваат истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, поранешни претседатели на држави, премиери и министри. Меѓу останатите теми на форумот се: „Тероризмот и уставот – рамка за акција“, „Тековни перспективи: мнозински муслимански држави“, „Тековни перспективи: западни држави“, „Меѓурелигиски дијалог – случај Египет“…

Учеството на македонскиот претседател на овие состаноци, се истакнува во соопштението, е резултат на одличната соработка со Александриската библиотека и со Меѓународниот центар „Низами Ганџави“. Претходно, претседателот Иванов има учествувано на состаноците во Баку, Софија и во Рим.

За време на работната посета на Арапската Република Египет, предвидено е претседателот Иванов да оствaри средба со египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски