Иванов: Во новиот светски поредок сe поактивни се недржавните актери

Од:

За време на блоковската поделба имаше два клучни глобални државни актери. Денес, во нашиот мултиполарен свет има многу повеќе глобални актери, како државни, така и недржавни. Ако за време на Студената војна, балансот на стравот придонесувал кон каква-таква стабилност, денес, застрашувањето од страна на недржавните актери како што се транснационалниот тероризам, насилниот екстремизам, организираниот криминал, внесува се поголема нестабилност, порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на претседателската сесија на 19. Евроазиски економски самит во Истанбул.

Државите, додаде тој, ги создаваат и ги бранат границите, а светот бара да се отворат. Недржавните актери, смета претседателот, со помош на социјалните мрежи и на медиумите се обидуваат да вршат притисок и да влијаат на политиката на државите.

Зборувајќи за масовниот глобален активизам Иванов посочи на неодамнешниот сериозен инцидент кај Идомени кога околу 2.45 мигранти илегално влегоа на македонска територија.
– Меѓу нив имаше и 74 новинари, активисти, членови на невладини организации и волонтери од пет континенти. Тие не само што им помагале на мигрантите да ја преминат границата, туку и целиот настан како „реално шоу“ директно го пренесувале на светските медиуми и социјалните мрежи,  рече македонскиот претседател истакнувајќи дека кај Идомени всушност се судрија светот на државните и светот на недржавните актери.
Иванов рече дека нив ги обединува идејата за свет во кој границите во реалниот свет ќе исчезнат како што исчезнаа границите во виртуелниот свет.
Формата на нацијата, посочи Иванов, е претесна да ги реализира глобализираните потреби на општеството.
– Нефункционалноста на сегашните меѓународни организации создава потреба од функционални глобални институции и механизми кои ќе создаваат применливи глобални норми. Неуспехот да се изградат такви функционални институции може да не врати во нов феудализам, рече претседателот Иванов во своето обраќање.
Осврнувајќи се на актуелните случувања во Сирија, македонскиот претседател во обраќањето истакна дека наместо смирување е мoжно проширување на зоните на конфликти и создавање глобален појас на нестабилност, што може да предизвика континуирани миграциски бранови.
– Моќта во 20 век беше концентрирана во проактивните центри на глобалниот север. Во 21 век глобалниот југ се разбуди. Некои заедници и народи од третиот, неразвиен свет, кои во минатото биле исклучувани и маргинализирани, денес се на врвот на агендите на развиените држави. Се раѓа нова сила – глобално граѓанство – глобален демос. Оваа нова сила бара да и се посвети внимание и да и се почитуваат можностите кои ги поседува во свет кој се уште ги чувствува раните од сите можни доминации од минатите векови, рече Иванов во говорот.
Иванов во обраќањето посочи на зголемените закани од тероризмот и порастот на  организираната трговија со луѓе.
Претседателот Иванов во рамки на работната посета на Република Турција оствари средба и со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски