Иванов: Во 2018 да зачекориме по вистинскиот пат

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов во 2018 година очекува Македонија да зачекори на вистинскиот пат – до поквалитетен живот, просперитет и благосостојба за сите граѓани. Како што вели во новогодишното обраќање, се надева и на праведно општество, втемелено на вистината, слободата и мирот.

– Дозволете да ви ја честитам Новата 2018 година и од се срце да ви упатам искрени желби за добро здравје, за повеќе радост, поголеми успеси и подобро утре. Изминатава година бевме соочени со многу предизвици и премрежија, а политичката атмосфера непријатно се одрази на целото општество и на секој од нас посебно. Искрено се надевам дека во годината што доаѓа ќе се посветиме на убавите и позитивни нешта, посака шефот на државата.

– Новата година да ја почнеме со позитивни мисли и силна верба и надеж дека можеме да ги исполниме нашите искрени желби. Во новата година, посакувам повеќе да ја сакаме нашата заедничка татковина Република Македонија и секој од нас да даде личен придонес за едно поубаво општество за нашите деца, родители, роднини, соседи и пријатели. Посакувам повеќе да се почитуваме, да шириме љубов за да имаме мир со себе си и со другите, истакна Иванов во новогодишната честитка.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски