Иванов ги помилува Груевски и Црвенковски, но не и Љубе Бошкоски

Од:

Веднаш по објавување на одлуката за аболиција за сите политичари и за прекин на сите истраги и процеси против политичари, Ѓорге Иванов ги објави и првите одлуки за помилување без спроведување на постапка. Меѓу помилуваните се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Дејан Митровски-Урко, Зоран Заев, Зоран Верушевски, Бранко Црвенковски, Божидар Јанковски.

Одлуката е објавена во „Службен весник“, со вчерашен датум.

pomiluvani

Меѓу помилуваните од Иванов, се најдоа и специјалните обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубевски, нивните имиња се објавени во „Службен весник“ во својство на ослободени од гонење без спроведување на постапка, бидејќи беа гонети поради сомнежи дека вршеле притисок врз сведоци.

Иако вчера некои медиуми тврдеа дека помилуван е и Љубе Бошкоски, тој не е на листата потпишана од Ѓорѓе Иванов.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат собранието ако се стави европско знаменце на амнестијата

A1on

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски