Иванов упати писмо со честитки до новиот емир на Државата Катар и до неговиот претходник

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод преземањето на должноста Емир на Државата Катар,  упати писмо со честитки до Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани. Воедно, по повод предавањето на власта од страна на Шеик Хамад бин Калифа ал-Тани на неговиот син,  претседателот Иванов упати писмо до Шеик Хамад бин Калифа ал-Тани, во кое се заблагодарува за севкупниот досегашен придонес и за неговите заложби во унапредување на односите меѓу Државата Катар и Република Македонија.

Во писмото со честитки до Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов изразува задоволство по повод неговото преземање на должноста Емир на Државата Катар, и во име на граѓаните на Република Македонија, и во негово име, упатува срдечни честитки и најискрени желби за успешно извршување на одговорната должност.

– Би сакал да ја искористам оваа свечена пригода, за да го поздравам континуираниот развој на односите и соработката меѓу нашите две пријателски земји. Истовремено, убеден сум дека со заемен ангажман ќе продолжиме да внесуваме нови содржини и форми на соработка, што дополнително ќе ги зацврстат нашите односи во годините што доаѓаат, за што ја искажувам нашата целосна подготвеност, се вели во писмото.

Во очекување дека наскоро ќе имаме можност за средба и размена на мислења по сите прашања од заемен интерес, стои во писмото, уште еднаш Ви  упатувам најискрени желби за Ваша успешна работа, добро здравје и лична среќа, како и за просперитет на пријателскиот катарски народ.

Иванов во писмото со честитики до Шеик Хамад бин Калифа ал-Тани по повод неговата одлука да ја предаде власта на неговиот син, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, му го честита неговото истакнато лидерство, мудрост, континуирана заложба и посветеност за долгорочен развој и просперитет на Државата Катар и за благосостојба на нејзиниот народ.

Уверен сум дека ќе продолжите да играте важна улога во многу сфери од општествениот живот на Вашата земја, исто како и досега. Воедно, дозволете ми да упатам благодарност за Вашите заложби и за севкупниот придонес, кои во изминатиот период значително ги унапредија односите меѓу нашите две пријателски држави. Сеќавајќи се на нашите многубројни средби и срдечни разговори, ме радува што во Вас открив искрен пријател со кој слободно можам да кажам дека отворивме ново поглавје во нашите односи, како и перспективи за плодна соработка на сите полиња, се вели во писмото со честитки.

Верувам, посочува Иванов, дека ќе воспоставиме идентични односи со Вашиот наследник, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, и заеднички ќе работиме на јакнење на пријателството меѓу двете држави и на унапредување на соработката. На тој план, би сакал да ја искажам мојата целосна поддршка.

Со такво уверување, дозволете ми, Ваше Височество, да Ви посакам натамошен успех на личен и професионален план, добро здравје и да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување, стои во писмото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он