Иванов упати честитка до Трамп по повод Денот на независноста на САД

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на САД.

Честитајќи го Денот на независноста на САД, претседателот Иванов изразува увереност дека во престојниот период билатералните односи меѓу двете држави ќе се развиваат со уште посилна динамика, отворен и конструктивен дијалог на заемно разбирање и доверба и поцврсти и поинтензивни економски релации.

– Заложбите за полноправно членство на Република Македонија во НАТО Алијансата и евроатлантските интегративни процеси се фокусните точки на нашето континуирано политичко дејствување, за чие остварување очекуваме и во иднина отворена поддршка од страна на пријателските Соединети Американски Држави. Господине Претседателе и во оваа пригода сакам да потенцирам дека Република Македонија високо ја цени улогата на Соединетите Американски Држави на глобален план, и сакам да Ве уверам дека целосно сме посветени на зацврстување и на содржинско збогатување на стратегиското партнерство со Вашата голема нација. Бидете уверени дека сме подготвени за тесна и конструктивна соработка на тој план, нагласува претседателот Иванов во честитката.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски