Иванов: Униформираните лица, не се во формацискиот состав на АРМ, туку членови на Кабинетот на министерот

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, преку соопштение го кажа својот став околу случувањата во Слупчање, и полагањето цвеќе на споменикот на УЧК од страна на офицери на АРМ.

Иванов бара од сите фактори да не ја злоупотребуваат Армијата на Република Македонија и употребата на армиската униформа за политички, партиски, или какви било други цели.

Претседателот Иванов побарал од надлежните расветлување на случајот и утврдување на постоење на злоупотреба на службената должност. Униформираните лица во придружба на Министерот за одбрана, не се во формацискиот состав на Армијата на Република Македонија, туку членови на Кабинетот на министерот, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он