Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој се наоѓа во Мостар на 10-от УНЕСКО регионален самит на шефови на држави на Југоисточна Европа насловен „Верско и културно историско наследство како основа за интензивирање на соработката меѓу државите“, во рамки на форумот „Дијалог меѓу цивилизациите“ поттикнат од Република Македонија за денес се очекува да се обрати на првата пленарна сесија на форумот.
За првпат ваков самит беше одржан во Охрид во 2003 година на иницијатива на поранешниот претседател Борис Трајковски.
Проектот „Дијалог меѓу цивилизациите“ кој е поддржан и од УНЕСКО во 2013 година по 10 години повторно ќе биде реализиран во Република Македонија.