Иванов со честитка до ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите

Од:

По повод Меѓународниот ден на Ромите денеска претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на ромската заедница во која истакнува дека одбележувањето на празникот е симболична потврда за почитувањето и поддржувањето на ромската заедница во државата со сета нејзина автентична и богата културна и јазична посебност.

– Ваквото почитување е во духот на нашиот македонски модел на соживот и почитување на достоинството на различноста што не прави посилни и побогати. Но, празникот е и момент на потсетување на неостварените цели. Праведноста и човечноста на едно општество се гледа од односот кон немнозинските заедници. Во изминативе години многу е направено за унапредување на севкупната позиција на Ромите во македонското општество. Но, останува уште многу да се направи за подостоинствен живот на секој припадник на ромската заедница во Македонија. Процесот за натамошно подобрување на животниот стандард на Ромите бара максимален ангажман од македонските државни институции, од академската заедница, бизнис секторот и цивилното општество, се вели во честитката.

Еден од приоритетите, додава Иванов, е преку подигнување на јавната свест да ги искорениме и последните остатоци од предрасудите и стереотипите и наместо нив, да ги вкорениме добрите навики на вклучување и заедништво.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска