Иванов: Имаме согласност името Македонија да биде во решението

Од:

Согласност за името Македонија да биде содржано во решението има, но сеуште нема приближување на ставовите, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој појасни дека по последните средби со медијаторот Метју Нимиц со македонската и грчката страна се уште нема решение за прашањето за името ниту проближување на ставовите.

„Тоа што го кажа Нимиц тоа е реалноста и ние очекуваме грчката страна да се држи до рамката во која се водат преговорите бидејќи постои дефинирана рамка од Обединетите нации“, изјави денеска Иванов, додавајќи дека другата страна настапува ултимативно и настојува само нејзините барања да бидат прифатени.

Тој изрази очекување дека грчката страна конечно ќе се придржува до рамката која е предвидена, велејќи дека:

„Некојапат и времето носи решение, а реалноста е таква каква што е што ја пренесе Нимиц“.

Во врска со шпекулациите дека е прифатено во решението да има географска одредница и дека е проблем каде се наоѓа, Иванов одговори дека сегашната состојба е дека нема решение.

„Станува збор за предлог, предлогот има многу нијанси. Господинот Нимиц треба и од нашата страна, нашиот став, нашата позција и од грчката да дојде до заемно прифатливо решение. Се се тоа шпекулации, фактички сега состојбата е дека нема решение“, изјави Иванов.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on