Иванов се сретна со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Од:

Ѓорге Иванов денеска одржа работна средба со амбасадорите на земјите членки на Европската унија во Република Македонија.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, биле разменети мислења за актуелните случувања во државата, по определувањето на мандат за состав на владата на Република Македонија.

Иванов ја реафирмирал посветеноста на Република Македонија за почеток на пристапни преговори со ЕУ, како еден од највисоките стратешки приоритети.

Според Иванов, потребно е Европската унија да направи исчекор и да определи датум за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, односно да овозможи отворање на поглавјата 23 и 24.

– Отворањето на преговорите во поглавјата 23 и 24 за правосудство, основните права, правда, слобода и безбедност ќе го дадат неопходниот поттик за интензивирање на реформските процеси. Статус квото не смее да продолжи. Нам ни е неопходна трансформирачката моќ на пристапниот процес, како и обединувачката моќ на процесот, за соочување со длабоката политичка поларизација во земјата, рече Иванов на средбата.

Тој ја повторил потребата лидерите на парламентарните партии да покажат одговорност и да ја обноват посветеноста за европска и за евроатлантска Македонија, а приоритет да се даде на закони и решенија од европската агенда.

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија ја поздравиле одлуката на претседателот Иванов за доделување на мандат за состав на влада на Република Македонија, со што се отвора можноста за нормализација на состојбите и политичка стабилност во земјата. На средбата било истакнато взаемното очекување новата влада во своите приоритети да ја има ЕУ агендата, односно реформите кои ќе ја забрзаат интеграцијата на Република Македонија во ЕУ.

На средбата, како што се додава во соопштението, биле разменети мислења и информации за клучните предизвици со кои се соочува Република Македонија и целиот регион, како што се мигрантската и безбедносна криза, екстремниот радикализам, растечката националистичка реторика во регионот.

На нивен интерес, Иванов ги запознал амбасадорите со клучните аспекти од неговите неодамнешни посети на Кралството Јордан, Руската Федерација и Државата Ватикан, како и за претстојните учества на самитот Брдо-Бриони и на самитот на Процесот за соработка во југоисточна Европа.

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија истакнале дека високо го ценат отворениот пристап од претседателот Иванов и изразија уверување дека Европската унија е подготвена да се ангажира Република Македонија и целиот регион да биде високо на агендата во институциите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски