А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Иванов: Пречките за определување мандат не се отстранети

by А1он13/03/2017 - 12:4113/03/2017 - 12:47165
Share0

Пречките за определување мандат се уште не се отстранети, велат од Кабинетот на Ѓорге Иванов, по повиците од СДСМ Иванов веднаш да го додели мандатот на Зоран Заев.

Добивај вести на вибер

– Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување мандат за состав на влада се уште не се отстранети, се вели во ставот од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Во обраќањето на 1 март, Иванов од лидерот на СДСМ Зоран Заев побара јавно и јасно да ја отфрли и осуди тиранската платформа, со која, според него, се доведуваат во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани.

Според Иванов платформата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава, земјата е уценета, а нејзината унитарност, сувереност и независност се загрозени.

– Сè додека сум претседател на Република Македонија, нема да дадам мандат ниту на човек, ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа за рушење на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија. Бидејќи длабоко верувам дека ова се темелни вредности со кои никој нема право да тргува. И не мислам да отстапам од нив, изјави Иванов на 1 март.

ivanov

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски15/12/2023 - 16:4415/12/2023 - 16:44

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ10/10/2023 - 11:4710/10/2023 - 14:31

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска18/12/2020 - 13:36

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска18/12/2020 - 11:07

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски26/11/2020 - 15:2626/11/2020 - 15:50

Поништувањето на аболициите од Иванов е уставно, се отвора патот за предметите на СЈО

Кристијан Ландов18/11/2020 - 13:0224/11/2020 - 10:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен