Иванов помилувал погрешна Фатиме Фетаи

Од:

Ѓорге Иванов по грешка помилувал погрешна Фатиме Фетаи, потврдуваат за А1он извори од Специјалното јавно обвинитество. Од таму велат дека и официјално ќе излезат со соопштение откако ќе заврши состанокот на обвинителите.

Според информациите, Иванов ја помилувал Фатиме Фетаи од Гостивар, а не обвинителката Фетаи, која е од тетовско село.

Инаку, обвинителката веќе му испрати писмо на Иванов со кое побарала да се повлече помилувањето, бидејќи против неа не се води никаква постапка, ниту пак е осомничена или обвинета за нешто. Од СЈО и на прес конференцијата минатата недела кажаа дека Иванов извржил понижувачки чин што ставил обвинители од СЈО во ист кош со функционери осомничени за криминални дејства.

Досега повлекување на одлуката за помилување побараа лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски, поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, како и актуелниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски. Иако преку еден портал повлекување на одлуката побара и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, тој се уште нема испратено официјално писмо до канцеларијата на Иванов.

Одлуката на Иванов ги налути и граѓаните, кои шест дена протестираат против оваа одлука, а протести за денеска освен во Скопје се најавени и во неколку други градови. Се бара повлекување на аболицијата за сите и оставка на Иванов, како и одложување на изборите на 5 јуни.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов