Во рамки на официјалната посета на Република Турција, претседателот Иванов утрово во Анкара положи венец во мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк.
Предвидено е денеска претседателот Иванов да биде примен од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а ќео ствари средби со претседателот на Владата на Република Турција, Бинали Јилдирим, и со претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Исмаил Караман.