Ѓорѓе Иванов денеска присуствуваше на состанокот на лидерите на Брдо- Бриони процесот, што се одржува во Словенија.
При неговото обраќање Иванов кажа дека „статус кво“ состојбата со интеграциите во ЕУ и НАТО на Македонија, ја продлабочила кризата и им дала алиби на политичарите да застранат од зацртаниот европски пат.
– Една од клучните причини за стагнацијата, дури и за ретроградните процеси во регионот е недоволниот ангажман и недоволното внимание на ЕУ. Разбираме целосно дека ЕУ се соочува со повеќе кризи, но истовремено ЕУ не треба да дозволи уште една балканска криза, порача Иванов пред лидерите од Брдо-Бриони процесот, и изрази очекување дека Германија како движечка сила во ЕУ ќе може да му помогне на целиот регион.
Иванов предложи на следниот самит на Брдо-Бриони процесот што треба да се одржи во Македонија, како специјален гостин да биде поканет премиерот на Грција Алексис Ципрас, претставници од Република Бугарија како претседавач со Европската унија, официјални претставници од ЕУ и Кралот на Јордан Н.В. Абдула, имајќи ги предвид безбедносните предизвици и проблемите поврзани со мигрантската криза, како и потребата за соработка со трети држави во однос на безбедноста.
Клучната заложба на која се обврзаа лидерите од Брдо-Бриони процесот е зајакнување на политичката стабилност и помирувањето во Југоисточна Европа. Со цел обезбедување на стабилност потребно е владеење на правото, отворен дијалог и избегнување на националистичка и провокативна реторика, стои во заклучоците од Самитот.
– Потребни се политички дејствија и државите од Брдо-Бриони процесот очекуваат нов ангажман од страна на земјите-членки на ЕУ. Интеграцијата на земјите од Брдо-Бриони процесот целосно ќе ја комплетира и консолидира Европската Унија, се вели во заклучоците на лидерите и се посочува дека е потребно поттикнување на процесот на проширувањето.
Искрени заложби за помирување, за решавање на отворените прашања и за градење на меѓусебна доверба меѓу лидерите од Југоисточна Европа се неопходни со цел стабилен и безбеден регион. Затоа остануваме посветени за решавање на сите спорови на мирен начин и со политички дијалог, согласно меѓународното право и доброседските односи, со цел фер и праведни решенија. Во овој контекст, онаму каде е потребно, Европската унија е повикана активно да се вклучи, се вели во усвоените заклучоци.
Во однос на економијата, државите од Брдо-Бриони процесот се обврзуваат на продлабочување на економската соработка како придонес во сеопфатна заложба за стабилност и просперитет. За таа цел, мора да се вложува Југоисточна Европа да биде поатрактивна за инвестиции во транспортот, енергетската и дигитална инфраструктура, стои во заклучоците.
На состанокот на лидерите на Брдо-Бриони Процесот, чија домаќин е Словенија, учествуваат претседателот на Сојузна Република Германија Франк Валтер Штајнмаер, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, претедателот на Република Косово Хашим Тачи, претседателот на Република Албанија Бујар Нишани и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Драган Човиќ. меѓусебна доверба меѓу лидерите од Југоисточна Европа се неопходни со цел стабилен и безбеден регион. Затоа остануваме посветени за решавање на сите спорови на мирен начин и со политички дијалог, согласно меѓународното право и доброседските односи, со цел фер и праведни решенија. Во овој контекст, онаму каде е потребно, Европската унија е повикана активно да се вклучи, се вели во усвоените заклучоци.
Во однос на економијата, државите од Брдо-Бриони процесот се обврзуваат на продлабочување на економската соработка како придонес во сеопфатна заложба за стабилност и просперитет. За таа цел, мора да се вложува Југоисточна Европа да биде поатрактивна за инвестиции во транспортот, енергетската и дигитална инфраструктура, стои во заклучоците.
На состанокот на лидерите на Брдо-Бриони Процесот, чија домаќин е Словенија, учествуваат претседателот на Сојузна Република Германија Франк Валтер Штајнмаер, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, претедателот на Република Косово Хашим Тачи, претседателот на Република Албанија Бујар Нишани и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Драган Човиќ.