Телото на Стефанија пронајдено во куфер закопан во шума во Словенија, нејзиното поранешно момче призна сè

Од:

За време на испрашувањето на поранешниот партнер на Стефани П., тој за прв пат го признал злосторството и ги одвел истражителите до телото на жената закопано во словенечка шума.

Во случајот со исчезнатата инфлуенсерка од Грац, Стефани П., нејзиното поранешно момче беше испрашуван со часови од страна на полицијата на Штаерска. Мажот (31) го призна ужасното злосторство и ја одведе полицијата до дел од шумата во Словенија каде што е беше закопана девојката.

Поранешниот партнер на 32-годишната жена од Грац, е уапсен во Словенија, а им беше предаден на австриските власти во петокот. Штом беше преземен, веднаш беше испрашуван, а потоа за прв пат го прекина молчењето. Покажа „подготвеност за соработка“ – и ги одведе истражителите до телото на инфлуенсерката.

Според досегашните информации, 31-годишникот ја задави Стефани, нејзиното тело го стави во куфер и го закопа во шума во Словенија. Сè уште не е јасно како точно се случило ова ужасно злосторство.

Неговиот брат и очув веќе се уапсени претходно – на двајцата им е одреден притвор во затворот „Грац-Јакомини“ поради ризик од прикривање докази.

Би можело да ве интересира

Загина 44 годишник по пад во бездна во Словенија – се обиде да го спаси синот

А1он

(ВИДЕО) По четири години уапсен во Љубљана: Американец обвинет за убиство на 15-годишна девојка во Тенеси

ВИДЕО: Семејство од Центар Жупа кое живеело во Италија настрада во несреќата во Словенија

Катерина Ѓуровски

Двајца малолетници меѓу Македонците загинати во Словенија

Катерина Ѓуровски

Загинаа тројца македонски државјани во сообраќајка во Словенија

А1он

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена