Иванов побара одговорно однесување од Заев

Од:

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, во врска со изнесувањето информации од страна на претседателот на политичката партија СДСМ, Зоран Заев од одржаната седница на Советот за безбедност, излезе со реакција во која во порачува дека во вакви исклучително чувствителни моменти, неопходно е одговорно однесување од сите.

„Господинот Зоран Заев, како претседател на политичката партија СДСМ беше повикан од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов да присуствува на седницата на Советот за безбедност, со цел да биде информиран за деталите и преземените дејствија во акцијата во Куманово, како и за безбедносната состојба на државата. За Зоран Заев е покренато обвинение за случајот „Пуч“. Македонскиот претседател, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност, а водејќи се од државните интереси одлучи да го повика Заев да присуствува на седницата на Советот за безбедност“, се вели во реакцијата од кабинетот на Иванов.

Од таму додаваат дека Заев, согласно деловникот за работа на Советот за безбедност, потпишал изјава која го обврза да не изнесува какви било информации од одржаната седница.

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ