Ѓорге Иванов останува на ставот дека е неопходно да се одржи средба на лидерите на парламентарните партии, како најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот и законите на Република Македонија, соопштија од неговиот кабинет.
Во наредните денови, како што се наведува во соопштението, Кабинетот на Иванов останува отворен за дијалог и барање решение за надминување на оваа состојба преку почитување на правниот поредок на Република Македонија.
Претходно планираните обврски од агендата на Иванов се откажани поради новонастанатата состојба, се вели во соопштението.