Иванов очекува Грција да не ја држи Македонија во заложништво за приемот во НАТО

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов очекува на претстојниот самит на НАТО конечно Македонија да стане членка на Алијансата, а Грција да покаже свест за она што се случува во регионот и своите себични интереси да не и бидат основа за да не држи во заложништво.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на војниците во касарната Чојлија, претседателот Иванов рече дека од македонска страна е се исполнето.

– Се надевам дека овој нареден период структурите на НАТО нема да бидат заложници на една нејзина членка која поаѓа пред се од своите интереси, а не од интересите на НАТО и од состојбата во целиот регион. Очекуваме на претстојниот Самит на НАТО тоа да биде изложено и Македонија конечно да стане членка на НАТО. Тоа што Грција го бара е во рамки на Обединетите нации и таму се води спорот за името. Таму ние активно учествуваме сите овие години, но се соочуваме со барања кои не се во согласност со Повелбата на ОН и резолуциите на ОН кои не соодејствујваат со билатералната спогодба, која доброволно Грција ја прифатила, а не ја исполнила, рече Иванов.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски