Динамизирање на разговорите за надминување на спорот за името, очекува претседателот Ѓорге Иванов од претстојната средба на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите на Македонија и на Грција закажана за крајот на месецов во Њујорк.
– Нимиц искажа оптимизам за време на последната негова посета, ги дозна нашите позиции и ставови бидејќи се расправаше за конкретни работи од процесот. Очекуваме тоа што беше од него слушнато во Скопје и во Атина, да им го пренесе на нашите претставници и дијалогот ќе добие една поголема динамика. По посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на Македонија, веќе тој лично се вложува во овој процес и придонесува да имаме една поголема динамика, изјави Иванов по денешната посета на Министерството за надворешни работи.
За отфрлањето на иницијативата за трилатерална средба на еврокомесарот Штефан Филе од страна на Грција, шефот на државата посочи оти Македонија останува конструктивна во процесот.
– Ние секојпат сме покажувале конструктивност. Секогаш