Иванов: Обвинувањата на Х.Е.Р.А. се неосновани

Од:

Претседателот на Република Македонија реагира на соопштението на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., според која со потпишување на указот за новиот Закон за прекинување на бременост од страна на претседателот Ѓорге Иванов, Македонија престанала да биде пример за земја со либерални права во Европа.

– Изнесените тврдења и обвинувања во соопштението на Х.Е.Р.А. воопшто не соодветствуваат со ставовите на нивните претставници изнесени на остварената средба во Кабинетот на Претседателот, и од тие причини истите ги оценуваме како неосновани, соопшти Кабинетот на Претседателот на РМ.

Во реакцијата пишува дека откако Иванов го примил отвореното писмо на Х.Е.Р.А. со барање да не го потпише Указот за Законот за прекин на бременоста, ги поканил нивните претставници на средба со претставници од Кабинетот на која, како што се наведува во дописот, биле разменети мислења во врска со предложените законски одредби кои евентуално би ги нарушиле правата и слободите на жената.

– На средбата, од страна на претставниците на Х.Е.Р.А. не беше изнесен ниту еден правен аргумент кој би упатувал на заклучок дека со некоја од законските одредби се нарушува слободата на жената во однос на одлуката за прекин на бременоста. Напротив, беше констатирано дека со новиот закон не се отстапува од регулативата од претходниот закон, информира Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Асоцијацијата Х.Е.Р.А бараше повлекување на законот кога тој беше во собраниска процедура. Организираше протести пред Собранието на РМ, кое минатата недела го донесе Законот за прекинување бременост. Х.Е.Р.А најави дека оспорување на законот ќе бара од Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

Индонезија: Полицијата ќе биде единствената која ќе го одобри правото на абортус за жртвите на силување