Иванов не ја коментира одлуката на Уставен суд

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов не ја коментира одлуката на Уставниот суд, со која по седум години, откако беше укината, се враќа законската можност тој да помилува лица осудени за изборни измами, педофилија и злосторства против човештвото, објави 24 Вести. .

Од Кабинетот на Иванов само кусо велат дека претседателот досега не коментирал уставни одлуки.

„Претседателот досега не коментирал ниту иницијативи ниту одлуки на Уставниот суд“, соопштиле за 24 Вести од Кабинетот на Иванов.

Телевизијата побарала но не добила коментар и од поранешниот министер за правда Михајло Маневски, во чие време се иницираа и донесоа измените на Законот за помилување, со што се внесе одредба со која претседателот на државата може да помилува единствено по предлог на министерот за правда, односно постапката ја поведува министерот.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on