Иванов на Светски економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка во Аман

Од:

Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан по повод учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, што се одржува во Аман.

Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе учествува на пленарната сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка и на сесијата на тема „Заштита на бегалци: наша морална одговорност“.

Во рамки на работната посета, Иванов ќе оствари билатерална средба со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула II, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.

На Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка е најавено учество на над 1.000 политички лидери, претставници од бизнис секторот и цивилното општество, од повеќе од педесетина држави.

Темите на дискусија на форумот се однесуваат на улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски