Иванов на средба со граѓаните на Центар

Од:

Kандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов денеска оствари средба со граѓани во центарот на Скопје и притоа го посети пазарот „Буњаковец“ и ТЦ „Буњаковец“.

Во пресрет на вториот изборен круг, Иванов ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање, посочувајќи дека од нивниот избор ќе зависи иднината на државата.

Иванов пред граѓаните ја претстави својата изборна програма, истакнувајќи дека таа содржи остварливи ветувања и реални обврски.

Граѓаните ги изнесоа своите  видувања во однос на актуелните случувања во државава и разменија предлози и идеи за можни идни проекти во нивен интерес.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз