Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска со највисоки државни почести во Бразилија ќе биде примен од претседателот на Федеративна Република Бразил, Мишел Темер.
Во рамки на официјалната посета на Бразил, Иванов ќе присуствува на свеченото отворање на Амбасадата на Република Македонија во Бразилија, прва резидентна македонска Амбасада во Латинска Америка.
За време на официјалната посета на Федеративна Република Бразил, претседателот Иванов имаше средби со Пауло Скаф, претседател на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло и Едуардо Виера, претседател на Федерацијата на индустрии на Рио де Жанеиро.