Иванов на одбележување на празникот Св. Трифун во Кавадарци

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на православниот празник „Свети Трифун“ присуствуваше на традиционалното закројување на винова лоза во Кавадарци.

На градскиот плоштад, претседателот Иванов со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и Митрополитот Повардарски Агатангел симболично ги закроија виновите лози и упатија желби за родна година.

Македонскиот претседател им го честиташе празникот на граѓаните и во духот на нашата традиција, посака Св. Труфун на лозарите да им донесе многу бериќет, а на винарите квалитет.

„На овој ден посакуваме годината да биде родна и благородна, да биде успешна, не само за винарите и за лозарите туку и за сите нас“ рече претседателот Иванов.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, порача дека годинашното одбележување на „Свети Трифун“ треба да биде почеток за една нова состојба и нови стандарди во лозарството.

„Винарските визби да бидат тие што ќе прават добро вино, лозарите добро грозје, а државата да биде таа којашто ќе не заштити, заедно со општината, за грозјето и родот да ни се плаќа на време“ рече Јанчев.

Во духот на македонската традиција, претседателот Иванов секоја година присуствува на свеченото одбележување на Денот на лозарите и големиот христијански празник – Св. Трифун. Минатата година, македонскиот претседател присуствуваше на симболичното закројување на винова лоза во Демир Капија.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски