Иванов на одбележување на 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина

Од:

Ѓорге Иванов, од денеска до 30 октомври ќе престојува во работна посета на Република Србија, по повод одбележувањето на јубилејот „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина“.

Во Белград, претседателот Иванов денеска ќе оствари средби со српскиот претседател Томислав Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ.

На средбите, како што соопшти Кабинетот на Иванов, ќе биде разговарано за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка, како и за актуелните случувања во двете земји и предизвиците со кои се соочува регионот.

Во рамки на работната посета ќе биде одржан македонско-српски бизнис форум на кој ќе учествуваат дваесетина македонски компании од фармацевтската, прехранбената, металната, градежната индустрија, како и од областа на информатичките технологии, графичките дејности и транспортните услуги. На отворањето на бизнис форумот во Белград, ќе се обратат претседателите Иванов и Николиќ, како и претседателите на Стопанските комори на Македонија и на Србија.

Во рамки на централната прослава по повод одбележувањето на големиот јубилеј „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, во недела во Панчево, ќе биде одржана Свечена академија, на која обраќања ќе имаат претседателите на Македонија и на Србија, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ.

На јубилејната прослава ќе биде засадено „Дрво на пријателството“ и ќе биде потпишан протокол за збратимување на општина Македонски Брод и месната заедница Јабука. Во рамки на прославата ќе биде посетена изложбата на уметнички дела на академскиот сликар Павле Кузмановски и ќе биде приредена богата културно-уметничка програма.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски