Претседателот Ѓорге Иванов е во работната посета на Република Турција, каде учествува на Глобалниот лидерски форум во организација на Универзитетот Бахчешехир во Истанбул.
Претседателот Иванов, кој е во Турција од вчера, како што соопшти неговиот кабинет, ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум, кој се одржува на тема „Стратешки алијанси и нов поглед на лидерството во услови на глобален баланс на силите“.
Меѓу темите на дискусија на Глобалниот лидерскиот форум се „Претседателството на Трамп: Промени во американската политика и нејзиното влијание врз светскиот поредок“, „Идни сценарија за Европската Унија“, „Улогата на Јужна Америка во светскиот поредок“, „Безбедноста и политички анализи за Средниот Исток“.