Иванов: Ќе реагирам секогаш кога се посегнува по македонскиот идентитет

Од:

Ќе реагирам секогаш кога се посегнува по македонскиот идентитет, истакна претседтелот Ѓорге Иванов, одговорајќи на новинарско прашање за постапката на евроамбасадорот Аиво Орав кој во Европскиот парламент Македонците ги именуваше како „славомакедонци“.

– Јас затоа сум и избран од граѓаните. Така реагирав секој пат кога се посегнува по македонскиот идентит. Тоа е чувствително прашање, особено во овој период кога сакаме сите наши граѓани да ги убедиме зошто е битно да бидеме дел од ЕУ и да ги почитуваме европските стандарди, критериуми и принципи, изјави Иванов кој смета дека ако правото за самоидентификација и човековото достоинство  важи за другите треба да важи и за нас.

Претседателот Иванов, кој денеска ја посети Катедрата за албански јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, поради именувањето на Македонците како „славомакедонци“, вчера го повика на консултации евроамбасадорот Орав.

Постапката на Орав претходно ја осуди и Владата на Република Македонија.

Евроамбасадорот Аиво Орав, пак, синоќа за МИА изјави дека немал намера да навреди никого со минатонеделниот говор во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

– Не беше дадена никаква политичка изјава, ниту имав за цел да навредам некого. Ние во институциите на ЕУ разбираме  колку е чуствително ова прашање во земјава, а и јас лично разбирам колку е чувствително, рече Орав.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on