ВИДЕО: Иванов ја повлече аболицијата за 22 политичари

Од:

Ѓорге Иванов ја повлече аболицијата за 22 политичари, а за останатите кажа дека доколку сакаат можат да поднесат барање за аболицијата, со што повторно од некоја причина остави помилувани врз кои СЈО нема да може да дејствува.

– Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца, истакна Иванов попладнево во обраќањето до граѓаните во претседателската вила „Водно“.

Тој посочи дека сите други лица кои беа помилувани на 12 април, согласно законските измени, имаат можност  да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.

– Не сакам веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот. Ниту еден политичар не е недопирлив. Напротив, секој ќе одговара за своите постапки. Сакам да потенцирам дека искрено верував и сѐ уште верувам дека одлуката за помилување беше најдобрата можност за излез од политичката криза. Убеден сум дека без враќање на меѓусебната доверба и без помирување во која било форма, оваа криза ќе трае уште долго, што не е од интерес ниту за граѓаните, ниту за државата, рече Ѓорге Иванов.

Тој не одговараше на прашања, и остана нејасно што подразбира Иванов под политичар и на кого се му ја остави аболицијата, ако се има предвид дека бројот на првично аболицирани беше 56.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски