Иванов ја одликува Националната гарда на Вермонт, САД

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, додели ордени по повод јубилејот на АРМ.

Полкот за специјални операции на АРМ е одликуван за исклучителен придонес во јакнењето и развивањето на одбранбената способност на Република Македонија во зачувувањето на нејзината независност, безбедност и територијален интегритет, како и за успешно претставување и афирмирање на АРМ во меѓународните мировни мисии.

Генерал-потполковник Митре Арсовски е одликуван за исклучителен придонес во остварувањето на независноста, самостојноста, сувереноста и територијалниот интегритет на Република Македонија и јакнење на нејзината одбранбена способност, вршејќи ја должноста прв началник на Генералштабот на Армијатата.

Одликувана е и турската воена академија за постигнатите резултати во остварувањето на воената соработка, особено преку едукација на припадници на Армијата на Република Македонија, со што даде исклучителен придонес за развојот на пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Турција.

Претседателот Иванов донесе и указ со кој се одликува Националната гарда на Вермонт, САД со орден за воени заслуги за особен придонес за успешно остварување и за унапредување на односите и соработката меѓу вооружените сили на Соединетите Американски Држави и вооружените сили на Република Македонија и нивно заедничко учество во меѓународни мировни мисии.

Иванов, испрати писмо и до Мајкл Дуби, во кое му го честита неговото унапредување во генерал-полковник и преземањето на новата функција – заменик командант на северната команда на Соединетите Американски Држави.

Во писмото се посочува дека генерал-полковник Дуби, даде исклучителен придонес во развојот на партнерството меѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт, преку вградувањето на македонските војници во Националната гарда на Вермонт, во рамки на мисијата ИСАФ во Авганистан. Со тоа, тој придонесе и за зајакнување на врските меѓу народите на Република Македонија и САД.

„Не постои поголем доказ за партнерство меѓу два народа од тој кога војниците на тие два народи рамо до рамо се борат за исти вредности“, стои во писмото од претседателот Иванов.

Шефот на државата подвлекува дека главен приоритет на Република Македонија од нејзината независност е полноправно членство во НАТО.

„ За жал заради противењето на нашиот јужен сосед, Република Македонија се уште не може да добие покана за членство во НАТО. Но, тоа на ниту еден начин не не обесхрабрува и не не дефокусира од постигнувањето на таа цел. Впрочем, на САД и особено Вам сме Ви благодарни што ни овозможивте преку вградувањето на македонските војници во Националната гарда на Вермнот во рамките на мисијата ИСАФ да докажеме дека де факто ние сме во НАТО“, вели Иванов во писмото до Дуби и изразува цврсто уверување дека партнерството и плодната соработка на Македонија со САД, со Вермонт, како и на АРМ и Националната града и натаму ќе продолжат да се развиваат.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он