Иванов им подари новогодишни пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја посети Клиниката за детски болести во Скопје, каде им подари новогодишни пакетчиња и играчки на болните деца честитајќи им ја Новата година со желби за побрзо оздравување.

Ивана Атанасовска, претседател на Иванов школа за лидери АЛУМНИ асоцијација, изјави дека и оваа година во соработка со проектот „Прегратка на дар“ и со целосна поддршка од претседателот Иванов организирале хуманитарна акција за донирање новогодишни пакетчиња кои годинава се донација од „Витаминка“ и играчки рачно изработени од децата од градинките низ Македонија.

– Наша најголема новогодишна желба е овие дечиња што поскоро да оздрават, да се вратат во своите домови и да си ја продолжат својата безгрижна детска игра. Ако денеска успеавме барем малку да им го разубавиме денот со нашите подароци тоа е за нас најголем новогодишен подарок, рече Атанасовска.

Таа му изрази благодарност на претседателот Иванов што несебично ги поддржува сите хуманитарни акции и им ја честиташе Новата година на сите граѓани на Република Македонија.

Проектниот менаџер на хуманитарната акција „Прегратка на дар“, Емилија Ѓуровска истакна дека акцијата има за цел да внесе хуманост во раните возрасти кај децата во градинките кои рачно изработуваат играчки за да им посакаат среќни празници на дечињата кои се принудени да останат во болниците за новогодишните празници и со желба тие побрзо да оздрават.

Претседателот Иванов новогодишни пакетчиња им подари и на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ кои дојдоа во неговиот дом. Минатата недела Иванов им подари новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата на Република Македонија кои се во мировни мисии и на децата на загинатите припадници на АРМ од мировната мисија „Алтеа“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Орце Костов

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов