Иванов и Хајндл разговарале за модусите како да се надмине кризата

Од:

Ѓорге Иванов денеска го прими амбасадорот Јоханес Хајндл, личен претставник на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Како што соопшти неговиот кабинет, претседателот Иванов и амбасадорот Хајндл разговарале за актуелните случувања на политички план во Република Македонија, а биле разменети информации и мислења за можностите и начините за надминување на предизвиците на политичката сцена во земјата.

На средбата биле разменети и мислења и за состојбата поврзана со мигрантската и бегалската криза, како и влијанието на актуелната политичка состојба врз севкупните капацитети на државата во справување со неа.

Двајцата соговорници се согласиле дека Република Македонија е неопходно да има функционални државни институции кои ќе можат професионално, навремено и ефикасно да одговорат во справувањето и превенцијата со заканите. Во таа насока, соговорниците истакнале дека сите политички чинители треба да покажат одговорност, конструктивност и висока свест за интересите на граѓаните и на државата.

Претседателот Иванов на средбата истакнал дека, како и досега, така и во иднина ќе постапува единствено според Уставот и Законите на Република Македонија исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски