Иванов го честиташе Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во земјава.

„Дозволете да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, и да ви посакам добро здравје, успех и благосостојба. Празнувањето на 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците е симбол на длабока почит што Република Македонија ја има кон сите своите граѓани“, се наведува во честитката на Иванов.

Себеидентификацијата претставува основно, загарантирано и неотповикливо човеково право кое е столбот на кој се темели нашата заедничка држава, се додава во соопштението.

„Негувањето на културните различности и традиции е всаденo во кодот на Република Македонија. Принципите на меѓусебна почит, заедништво и разбирање се вредности кои сите ги споделуваме и благодарение на нив успешно градиме иднина која ја посакуваме за себе и за своите деца“, вели Иванов во својата честитка до бошњачката заедница во Македонија.

Шефот на државата посочува бошњачката заедница дава огромен културен и економски придонес во развојот на демократска, развиена и модерна Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски