Иванов ги обвини новинарите за состојбата во медиумите

Од:

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, ги обвини новинарите за падот на слободата на говор во Македонија и во интервју за телевизија „Телма“ рече дека самите новинари се виновни за лошата состојба со медиумите во земјата.

Исто како во судството, рече тој, каде самите судии се виновни за забелешките и извештаите каде се нотира нивната пристрасност, така и со новинарството, секој е одговорен за областа во која работи, посочи претседателот.

Иванов одговори на прашање на новинарот кој потсети дека Македонија никогаш полошо не котирала на ранг листите на меѓународните организации за слобода на говор.

– Самите медиумите треба да се изборат да го имаат европскиот стандард. Извештајот на „Фирдом хаус“ е перцепција, не се темели на факти и документи туку се мери и се менува. Тоа е перцепција создадена од наши медиуми. Ако состојбата со судството е лоша тогаш судството треба да направи напор да се подобри, исто е и со медиумите – рече претседателот.

Новинарот на тоа праша дали тој сака да каже дека врз медиумите не се врши политички притисок, на што Иванов повторно ги нападна новинарите.

– Медиумите мораат да си го чуваат своето достоинство, не долилкува да имаме новинари како овие. Каде се тие што велат дека им била ускратена слободата на изразување? Каде се оние кои велат дека ова е диктатура? Самите да донесеме оценка за себе, а да не очекуваме другите да не оценуваат. Медиумите се одговорни за тоа како се рангирани, секој си одговара за себе, во демократија не зависи се од политичарите. Какви ни се медиумите и со какви кадри располагаат си има еснаф и треба да се огради од новинарите кои залутале – порача тој.

Претседателот при тоа инсинуираше дека состојбата во медиумите наликува на анархија.

– Не ги знаеме се уште принципите како функционираа медиумите во демократско општество. Едно е демократија друго е анархија. Секој си е одговорен за состојбата во својата област – додаде тој.

На прашањето на новинарот зошто гостувал во емисија чиј водител постојано шири говор на омраза, шефот на државата одговори дека во емисијата гостувал за време на изборна кампања кога, рече, е важен секој глас од избирачите.

– Јас не сум Баба Ванѓа за да знам дека ОБСЕ подоцна ќе го обвини – рече тој.

М.В.

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски

Поништувањето на аболициите од Иванов е уставно, се отвора патот за предметите на СЈО

Кристијан Ландов