(ВИДЕО) Иванов: Ги аболицирав сите осомничени и осудени политичари

Од:

Ѓорге Иванов поднесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата за како што рече, зачувување на државните и националните интереси и ова го гледа како начин за излез од политичката криза. Тој најави дека и во иднина ќе продолжи да ја применува оваа мерка која неодамна во раце му ја даде Уставниот суд.

Иванов рече дека е подготвен да ги поднесе сите критики кои по оваа одлука би стигнале на негова адреса, но убеден дека донел исправна одлука.

– Со намера да придонесам во решавањето на кризата и релаксирање на односите и намалување на тензиите меѓу спротивставените политички сили и нивните поддржувачи, а свесен за последиците за државата и граѓаните ако ништо не се преземе во оваа тешка криза, свесен за последициите врз мене со преземањето на овој чекор, но и со силна верба дека носам одлука во интерес на државата и нацијата, нејзината стабилност и независност, одлучив да се стави крај на оваа агонија на Република  Македонија, истакна Иванов.

Тој посочи дека одлуката што ја потпишал денеска, стапува во сила веднаш и оти стои зад неа.

Иванов оцени дека кризата е нечиј туѓ интерес и за нечии туѓи цели, за некој кој сака да ја оствари својата цел преку завојуваните политички лидери и нивните поддржувачи.

– Сето она што се случуваше во изминатиот период резултирарше со досега невидена политичка компромитираност, со политика на меѓусебно пресметување и уништување, бескраен реваншизам и омраза и лична конфронтација. Погледнете што им се направи на нашите политичари и од власта и од опозицијата. Тие толку многу завојуваа што работите отидоа толку лично и далеку. Си отворија меѓусебно толку многу кривични постапки што сега и едните и другите се подготвени да употребат секакви можни средства само да не бидат поразени на следните избори, зошто не знаат до каде оди другата стана во продлабочувањето на личната пресметка, реваншизмот, омразата и ксенофобијата, рече Иванов во обраќањето.

Политиката се претвори во тоа кој кому ќе отвори повеќе кривични постапки, кој колку другиот ќе го заглави, судиите се под невиден притисок од сите страни, претставници на меѓународната заедници ни се шетаат по судските ходници, рече Иванов.

Се распушти Собранието, опозицијата најави бојкот и значи дека ќе се оди на попречување на изборите, на раб сме на кризна состојба, работата е заплеткана до бескрај и никој не може да ја отплетка, ниту Пржинскиот договор ниту распуштањето на собранието. Сериозно се доведува во прашање на мирна изборна кампања и мирен изборен ден, ако тоа не се случи сите ќе имаат долговорочни последици, рече Иванов.

Одлучив да се стави крај на оваа агонија, да се пресече јазолот, согласно моите уставни одлуки, со што настапува општ прекин на сите дела. Таквата одлука ја потпишав денес и стапува на сила веднаш. Прво, не се водев од позицијата кој на која политичка опција припаѓа туку од националниот интерес. Второ,никој од наведените во овие одлуки не информирав ниту побарав согласност за оваа постапка. Трето, не поаѓам од тоа дали некој е невин или виновен,поаѓам од презумпцијата на невиност, моја претпоставка е дека најголемиот дел не се виновни иако не можев да го потврдам тоа без судска постапка. Оваа претпоставка е дека целта на некој е да ги заплетка политичарите и нивните блиски во кривични постапки, и при таква ситуација да остварува свои цели, а со тоа да се доведе во прашање иднината на Македонија.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов