Иванов – Дуда: Разменети информации за бегалската криза со Полска

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени COP 24, што се одржува во Катовице, одржа билатерална средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Полска, при што беше констатирано дека двете земји негуваат пријателски и конструктивни односи, со стабилен политички дијалог.Претседателот Иванов изрази благодарност за целокупната поддршка на Република Полска од воспоставувањето на дипломатските односи кои годинава одбележуваат 25 години како и за употребата на нашето уставно име во билатералните односи.

Истакнувајќи дека Република Полска е важен и докажан партнер и поддржувач на македонската интеграција во ЕУ и во НАТО, македонскиот претседател го изрази интересот за натамошно продлабочување на билатералната соработка преку размена на посети на највисоко ниво.

На средбата беа разменети мислења и информации за мигрантската и бегалска криза, при што претседателот Иванов се заблагодари за досегашната помош од страна на Република Полска. Во тој контекст, македонскиот претседател нагласи дека полскиот контингентот како дел на странските полициски сили дава значајна поддршка на македонските безбедносни сили во контролирањето и сузбивањето на обидите за илегални премини на нашата јужна граница.

Претседателот Дуда посочи дека полската поддршка за Република Македонија како во однос на нашите евроатлантски интеграции така и за мигрантската криза ќе продолжи и во иднина.На средбата беа разменети мислења за севкупните состојби во регионот, во контекст на неговата европска и евроатлантска перспектива.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски