Иванов до четврток треба да одлучи дали ќе го потпише Законот за употреба на јазиците

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов има рок до четврток на полноќ за да го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците или истиот да го врати во Собранието.

Законот во Собранието беше изгласан на 11 јануари, по што текстот беше испретен до кабинетот на претседателот.

Од кабинетот на Иванов соопштија дека тој има седум дена за да одлучи дали ќе го потпише указот, а се уште е неизивесно како ќе одлучи претседателот.

За време на неговто обраќање во Собранието тој кажа дека овој закон е неуставен и дека претставува закана по унитарноста на државата.

Доколку Иванов одлучи да не го потпише Законот, тогаш тој се враќа во Собранието, каде што во рок од 30 дена повторно ќе биде разгледан во трето читање. Тогаш може да се поднесуваат амандмани само во врска со укажувањата на претседателот.

По повторното разгледување, доколку законот е усвоен, претседателот е должен да го потпише указот.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски