Иванов-Бутарис: Македонија е подготвена за натамошно јакнење на соработката

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис

Изразувајќи задоволство од можноста за повторна средба, претседателот Иванов оцени дека и покрај отвореното билатерално прашање, соработката меѓу македонското и грчкото општество е на завидно ниво и посочи на потребата од нејзино натамошно унапредување.

„Република Македонија е подготвена за натамошно јакнење на соработката во сите сфери од заемен интерес кои ќе придонесат за нашата заедничка визија за регионална стабилност и просперитет, како и за заедничка сегашност и иднина во големото европско и евроатлантско семејство”, рече претседателот Иванов на средбата.

Претседателот Иванов го поздрави интензивирањето на дијалогот и напорите на двете земји за забрзување на процесот на имплементација на мерките за градење доверба и внесување на нови содржини во билатералната соработка.

Според претседателот Иванов, од особено значење е натамошното продлабочување на економската соработка, усогласувањето и унапредувањето на правната рамка во интерес на бизнис заедниците од двете земји, како и потребата за натамошно инфраструктурно поврзување, преку ревитализација на железничката мрежа и отворање на нови гранични премини. Двајцата соговорници разменија мислења околу можностите за развој на проектот Вардар – Морава – Дунав, што ќе придонесе за отворање на нови можности за економиите, нови инвестиции и работни места.

Двајцата соговорници ги потенцираа доделувањето на стипендиите „Борис Трајковски” на Сити Колеџот од Солун и Школата за млади лидери, на која минатата година одржа предавање и градоначалникот на Солун, г. Бутарис, како успешни примери за унапредување на соработката меѓу Република Македонија и Република Грција.

Претседателот Иванов и градоначалникот Бутарис разменија мислења за актуелните состојби на економски и политички план во Република Македонија и во Република Грција.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски