Итната медицинска помош при Здравствен дом Кочани има потреба од лекари

Од:

Во Итната медицинска помош при Здравствениот дом во Кочани работат осум екипи составени од лекар, медицинска сестра и возач. Пет екипи работат 24 часа, една работи како рурален доктор, а две докторки не одат на дежурство.

– Бројот на екипите може во иднина да ни се намали поради постојано мигрирање на медицинскиот кадар надвор од земјата или во друга здравствена организација, изјави д-р Иван Спанчевски, директор на Здравствен дом Кочани.

Посочи дека годинава Здравствен дом Кочани има буџет од 26,5 милиони денари, што, според него, не е доволен за сите активности на установата, но и на екипите на Итната медицинска помош.

– Ние се трудиме во рамките на нашите можности да ги опслужиме граѓаните, но тоа е се потешко, бидејќи се повеќе нашите екипи вршат услуги и на Општата болница, бидејќи и таму се соочуваат со истиот проблем. Затоа поголем дел од пациентите ги препраќаме за Скопје, рече Спанчевски.

Додаде дека се прави одредена преструктурираност на екипите и се активира соработката со Општата болница во Кочани, со цел зачувување на постоечките или вработување на нови екипи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат