Младинскиот совет Охрид, заедно со здруженијата „Амос“ од Битола, „Фокус“ од Ресен и „Исиор“ од Струга, денеска во Охрид ќе ги презентира резултатите од истражувањето на појавите на дискриминација и употребата на „говорот на омраза“ спроведено во Битола, Охрид, Ресен и Струга.
Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Eпитети – Eтикети“, развиен од страна на Младинскиот совет Охрид, а поддржан од Амбасадата на Франција.
Истражувањето преку мобилизиран тим од седум лица е спроведено преку прашалници во основните и средните училишта во Битола, Охрид, Ресен и Струга. Резултатите се надополнети преку средби со социјалните служби и Министерството за внатрешни работи, локалните невладини организации и медиумите.