Само 18 отсто од граѓаните се задоволни од услугите на јавната администрација. Поединечно по институции, најзадоволни се од работата на Министерството за внатрешни работи, односно од службите за издавање патни исправи, додека најмалку се заодоволни од работата на центрите за социјална политика.
Ова денеска го посочи Дијана Жупановска, од Центарот за европски стратегии, Евротинк презентирајќи ги резултатите од истражувањето, кое Центарот го спроведе заедно со Македонска платформа против сиромаштија, прво од ваков вид.
Жупановска истакна дека 63 отсто од граѓаните сметаат дека за да добијат некоја услуга од јавната администрација потребно е да имаат врски.