Истрагата да се прошири, монструмот Палевски беше предолго толериран бара ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Монструмот Палевски доби медиумска моќ и чувство на недопирливост од подкастите со неговата банда. Со години Палевски е во етерот, ширејќи говор на омраза, добивајќи закрила од власта и наметнувајќи се над другите. Тој и неговата банда шиканираа луѓе, изнудуваа пари и наметнуваа влијание велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа што Палевски со години не е санкциониран, иако повикувал на јавни линчувања и навредувал, е доказ дека бил заштитен од врвот на власта. Палевски и неговата банда повикуваа на тепање на луѓе, и сето тоа со години поминуваше неказнето. Како е возможно толку долго и со такви кривични дела Палевски да е на слобода и толериран? Зошто беше пуштен на слобода откако јавна тајна е дека со нелегално огнено оружје е фатен како копа злато во Демир Капија пред неколку месеци? Зошто има толку големи пропусти во истрагата на велешката полиција за убиството на велешанецот Панче? Палевски кој располагал и со бомби добиени од СДС со помош на неговата банда се чувствуваше недопирлив. Таквата атмосфера која беше креирана со години од страна Палевски и неговата банда со медиумска платформа е една од причините за неговото однесување, чувството на неказнивост и семоќност, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче