Истрага за пронајдена марихуана во Равен

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен жител на селото Равен за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.

– Во текот на јануари, осомничениот набавил одредено количество наркотична дрога – марихуана и ја препакувал во помали пакувања, со намера да ја препродаде на зависници. При претрес во неговиот дом, на 29 јануари, полициските сужбеници пронашле 58,74 грама марихуана, како и една дигитална вага со остатоци од дрога, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото.​​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага