СЈО отвори истрага под името „Продуцент“ поради сомение дека од 2009 до 2012 година, тогашниот министер за земјоделство Љупчо Димовски сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.
– Во ноември 2009 година склучил договор со „Смарт Центар ДООЕЛ Скопје“, според кој договор министерството исплатило правно лице за емисијата „Боја на парите“ емитувана на Сител телевизија.
Министерството закулило простор за емитување на програмски пакет изработен од продуцент. Ваквиот договор е склучен без постапка за јавна набавка, иако може да се нарача ваков пакет без јавна набавка само од радио или телевизиска куќа што не е случај со наведеното правно лице.
Вредноста на договорот е 50 илјади евра, кои пари без доказ за извршената услугата од страна на Минстерството се исплатени и е нанесена штета на буџетот на РМ.