Источниот плански регион со проекти во Виница и Кочани

Од:

Центарот за развој на Источниот плански регион ја заврши тендерската постапка за почнување со работа на уште два проекта во општините Виница и Кочани. Со нив се предвидени регулација на Виничка река и изградба на спомен парк и спомен обележје на Никола Карев кај месноста Свиланово, во близина на село Рајчани, кочанско.

– Во општина Виница преку Источниот плански регион ќе го реализираме проектот за регулација на Виничка река. Потребните средства во износ од 100 илјади евра се обезбедени, како и дополнителните 300 илјади денари кофинасирање од страна на оптината Виница, изјави Драгица Здравева, директор на Источниот плански регион.

Здравева информираше и за вториот проект кој ќе се реализира во партнерство со општините Кочани и Чешиново Облешево, а се однесува на изградба на спомен парк и спомен обележје на Никола Карев, кај месноста Свиланово недалеку од Рајчани кочанско, каде што на 27 април 1905 година на пат за родната Македонија загина со својата чета.

– За изградбата на Спомен паркот кај Свиланово се обезбедени исто така 100 илјади евра, додека општините Кочани и Чешиново Облешево како сопствено учество ќе инвестираат по 250 илјади денари од сопствените буџети.
Реализацијата на двата проекта се очекува да започне наредната недела.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

„Марш за ангелите“ во Виница: Каде биле инспекторите – одговорноста за последиците од пожарoт не запира кај сопственикот на објектот

А1он

„Марш за ангелите“ денеска во Виница: За вистината што предолго се турка во сенка!

А1он

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош