Источниот и Североисточниот плански регион ќе градат регионална депонија

Од:

Во рамките на проектот за изработка на студии за востоставување интегриран систем за управување со отпад на Источниот и Североисточниот плански регион, предложена е една заедничка локација каде што ќе се гради регионалната депонија, а според анализите, како најповолна локација е избрана Мечкуевци-Арбашанци во Општина Свети Николе.

Според Живка Михајлова, раководител на стручната служба на меѓуопштински одбор за управување со отпад, предложени се и осум претоварни станици во двата региони, кои вчера биле прифатени од градоначалниците на ИПР со извесни забелешки  кои се однесуваат на дополнителни разработки на локациите, но градоначалниците побарале и интензивирање на процесот.

– Во рамките на проектот за изработка на студии за воспоставување интегриран систем за управување со отпад Источниот и Североисточниот регион одлучија да одат со заедничка централна регионална депонија. За таа цел се предвидени  8 претоварни станици кои ќе служат отпадот со помали возила да се носи до претоварните станици, а потоа со големи возила до централната. Прва и основа цел е да се подобри животната средина, а овие претоварни станици ќе се одберат на локации, каде што нема да има негативни влијанија, рече Михајлова.

Таа додаде дека ќе се преземат мерки за елиминирање на негативните влијанија.

– Освен  претоварање на отпадот ќе се изградат и зелени места за псоебните отпади, како отпдот од батерии, акумулатор…, а  ќе се прави и компоститање на отпадот,  бидејќи овој отпад не смее да се носи во регионалната депонија. Пресуден момент е финансискиот за да не се носи на големи релации. Според предлогот, претоварни станици ќе има во Берово, Македонска Каменица, Кочани, Штип, Ранковце, Пробиштип, Куманово и Свети Николе, при што се водеше сметка растојанието од централната депонија да не биде поголемо од 50 км, истакна Михајлова.

Општините процесот за интегрирано управување со отпад поддржан од ЕУ со 35 милиони евра го започнаа од 2009 година.

Би можело да ве интересира

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица

Велес пред нова еко-катастрофа: Троската од Топилница полна со олово ќе се дроби и меле пред да се извезува

Орце Костов

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

Чадот и смрдеата од запалената депонија кај Волковија се шират до Тетово и Гостивар

Катерина Ѓуровски

Втор ден гори депонијата Буково, непријатна миризба се чувствува во Охрид

Орце Костов