Истекува рокот за жалби на граѓаните кои имаат имоти на новиот пат Штип-Кочани

Од:

Граѓаните кои имаат имоти на трасата на новиот експресен пат Штип-Кочани од клучката кај штипската населба Три чешми до селото Крупиште можат да достават жалби и поплаки до Општина Штип до 11 септември. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов на денешната прес-конференција истакна дека ова е втор повик до граѓаните за да ја искористат законската можност.

– Причина за овој наш втор апел е затоа што интересот за пријавување е слаб и досега за пет дена во Општина Штип се пријавиле само седум граѓани, а сигурни сме дека на споменатата траса има многу повеќе засегнати граѓани. Затоа укажуваме дека засегнатите граѓани кои имаат имоти или локации на трасата или во близина на истата и имаат во план да поднесат забелешка или жалба по истата врска со земјиштето да дојдат во Општина Штип и да пополнат формулар кој локалната самоуправа ќе го достави до Јавното претпријатие за државни патишта, вели Ристов.

Тој истакна дека одговорно лице за пополнување на формуларите и за постпката е Лазар Соколовски, а сите информации можат да ги добијат на телефон 078/476-685. Рокот за поднесување на жалби и поплаки граѓаните можат да достават до понеделник, 11 септември.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он