Истекува рокот за доставување на потврдените листи до ДИК

Од:

Општинските изборни комисии (ОИК) до 17 часот денеска до Државната изборна комисија (ДИК) треба да ги достави потврдените листи на кандидати за градоначалник на општините и за членови на советите. Во недела ДИК ќе го одржи жребувањето за утврдување на единствената листа на кандидати за членови на советите на општината, односно Советот на Град Скопје и единствена листа на кандидат за градоначалник на општината, односно Градот Скопје.

Општинските изборни комисии утврдените единствени листи ќе ги огласи најдоцна 25 дена пред денот определен за одржување на изборите, односно на 26 февруари до сите населени места и на избирачките места во општината, односно во Градот Скопје. Утврдените листи на кандидати во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот се објавуваат покрај на македонски и неговото кирилско писмо и службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

До 16 февруари на полноќ до ОИК пристигнаа 268 кандидатури за градоначалници, и 350 советнички листи. Од нив 25 се независни кандидати за градоначалници, а 93 советнички листи.

ДИК во печатените медиуми и другите средства за јавно информирање веќе ги објави описите на избирачките места.

На полноќ на 24 февруари односно в недела ДИК го заклучува избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид отпечатен во вид на изводи. ДИК го потпишува заклучениот избирачки список, односно изводите од избирачкиот список на кој се гласа најдоцна 15 дена пред денот на одржување на изборите, односно на 8 март на полноќ.

До 8 март треба да заврши и задолжителната едукација на членовите на општинските изборни комисии, а од 1 до 21 март општинските изборни комисии ќе организираат, вршат и спроведуваат едукација на членовите на избирачките одбори според Планот и Програмата на ДИК.

Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите, односно на 4 март на полноќ и завршува на 22 март. Во првиот и вториот круг на гласање кампањата не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Би можело да ве интересира

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Австралиските лабуристи по победата: Нашиот фокус ќе биде трговската војна меѓу САД и Кина

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите